Connect with us

Али Адем: Треба да бидеме задоволни со бодот од Тетово

Македонскиот првак Шкупи остана непоразен на гости кај Шкендија во големото дерби на двата најдобри тима во изминатите неколку сезони. Играчот за врска на Шкупи, Али Адем, вели дека составот од Чаир треба да е задоволен со освоениот бод.


„Натпреварот секако беше вистинско дерби со шанси од двете страни. Мислам дека имавме стабилна игра слушајќи ги наредбите на нашиот тренер, можам да кажам дека и терен не беше на нивото за фудбалот што го играме, но мора да бидеме задоволни со овој освпен бод. Сега ќе имаме неколку дена одмор, но и за да продолжиме со интензивни тренинзи и да се подготвиме за следните предизвици“, изјави Али Адем, по дербито во Тетово.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови