Алфонсо Дејвис, левиот бек на Баерн Минхен, е сè поблиску до трансфер во Реал Мадрид за следната сезона. Според шпанскиот весник „Марка“, Канаѓанецот ќе потпише преддоговор со „кралевите“ уште во јануари, бидејќи неговиот договор со Баерн истекува на крајот од сезоната и нема да биде обновен.
Ова му овозможува на Реал Мадрид да го доведе како слободен агент, без да плати обештетување.
Иако Барселона и Манчестер Јунајтед исто така ја следат ситуацијата околу Алфонсо Дејвис и појавуваат интерес, тој засега нема дадено позитивен одговор на нивните понуди.
Се очекува Реал Мадрид да го договори неговото пристигнување, со што би ја засилил левата бековска позиција со еден од најдобрите и најбрзите играчи во светот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













