
Канадскиот репрезентативец Алфонсо Дејвис повторно ја одби понудата на Баерн за продолжување на договорот, што го натера клубот од Минхен да донесе сурова одлука неколку недели пред крајот на летниот преоден рок.
Дејвис се приклучи на Баерн уште на почетокот на 2019 година од Ванкувер благодарение на Хасан Салихамиџиќ, кој тогаш издвои 14 милиони евра за овој играч, a неговото доаѓање во Минхен се покажа како полн погодок.
Овој 23-годишен фудбалер имаше неколку одлични сезони во Баерн. Сепак, во клубот се длабоко разочарани бидејќи Дејвис во неколку наврати одби да го продолжи договорот кој истекува наредното лето, а и нивниот последен обид се покажа неуспешен.
Во Баерн се лути и разочарани поради однесувањето на Дејвис и јасните пораки дека не сака да го продолжи договорот и дека му е целта наредното лето да го напушти клубот без отштета по истекот на договорот.
Раководството на германскиот гигант сака да го спречи таквото сценарио по секоја цена, и по неуспешните преговори со Дејвис донесоа ригорозна одлука.
Баерн веднаш го стави Дејвис на трансфер листата и им порача на заинтересираните клубови дека е на продажба.
Познато е дека најголем интерес за него покажа Реал Мадрид, но во тој клуб сметаат дека тој ќе дојде дури наредното лето како слободен играч. Сега потегот на Баерн целосно ја менува ситуацијата.
Баерн дури одреди цена за Дејвис од 50 милиони евра, но се подготвени да го пуштат и за значително помала сума доколку некој клуб покаже интерес за него.
Ако Дејвис остане во клубот, му се заканува судбината да ја помине сезоната на трибините, бидејќи Баварците јасно му ставија до знаење колку се повредени од неговото однесување и одбивањето да го продолжи договорот.
Проблемот на Дејвис е што Реал Мадрид го заврши преодниот рок, бидејќи Карло Анчелоти порача дека повеќе не му се потребни засилувања, па сите се прашуваат како „кралевите“ ќе реагираат по неочекуваниот потег на Баерн.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи се засили со Ринор Ајдини

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски погоди и вторпат во дресот на Клуж

Евро-фудбал
Монако го претстави Пол Погба

Евро-фудбал
Дејвид Бекам заврши во болница

Евро-фудбал
Давид Алаба повторно се повреди
