Connect with us

Алексовски и Димовски од Кит Го се преселија во Силекс

Силекс ќе игра во квалификациите за Конференциската лига, ама ќе мора и низ Втората лига Запад да се врати во елитата. Поранешниот македонски шампион испадна од прволигашкото друштво откако во баражот загуби од Тиквеш, па сега се обидува да состави тим за враќање на старите патеки.

Дарко Алексовски и Мартин Димовски, фусбалерите на Кит Го, се нови засилувања на Силекс кој во новата сезона ќе го предводи Горазд Михајлов. Тие имаа одлични настапи за Кит Го, а добија понуда од Кратово и решија да ја прифатат.

Во шега, според нивните досегашни прекари, се вели дека Пеле и Робен го засилија Силекс. Ќе видиме дали тоа ќе го покажат и на теренот.

Advertisement

Facebook

Тимови