Connect with us

Алексис Санчез во Рома, а Един Џеко во Интер?

Босанскиот интернационалец Един Џеко е во жестока кавга со тренерот Пауло Фонсека и многу веројатно ќе мора да ја напушти Рома до крајот на зимскиот преоден рок. Напаѓачот би сакал да замине во Премиер – лигата, но неговиот агент се обидува да ја протурка идејата да се пресели на „Џузепе Меаца“ и да го облече дресот на Интер, а во Рим да замине Алексис Санчез. 

Антонио Конте пред почетокот на сезоната сакаше да го има Един Џеко на „Џузепе Меаца“, а нема ништо против да го ослободи Алексис Санчез и да го испрати на „Олимпико“. Тој често се повредува и не е во најдобра форма веќе подолг период. Џеко идеално би се надополнувал со Ромелу Лукаку и со Лаутаро Мартинез и би помогнал многу во трката за „скудетото“. 

Рома нема квалитетен крилен напаѓач како Алексис Санчез кој би можел повторно да блесне во Рим. Најголемата пречка ќе биде токму Чилеанецот кој сака да се бори за титулата со Интер до крајот на сезоната. 

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови