Кристијано Роналдо не настапи на последната проверка на тимот на Јувентус пред почетокот на сезоната во Серија А, па италијанските медиуми повторно го поставија прашањето за неговиот престој во клубот.
Тренерот на тимот, Масимилијано Алегри, тврди дека Португалецот ќе продолжи да го носи дресот на Јувентус и во претстојната сезона.
„Роналдо не играше затоа што му дадов слободен ден по напорните тренинзи. Тој е бонус за нас, гаранција за многу голови. Јасно е дека за да извлечеме максимум од поединецот, сите ние мора да работиме како тим“, рече Алегри.
Роналдо дефинитивно останува во клубот од Торино.
„Ги прочитав гласините во медиумите. Никогаш не ни кажа дека сака да си замине, и ми потврди дека ќе остане во Јувентус”, одговори Алегри.
Роналдо е под договор со Јувентус само уште оваа сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













