
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, ремито во дербито против Интер (1-1) го оцени како фер резултат. „Бјанконерите“ имаа шанса да бидат лидери во Серија А, но не успеаја да го задржат водството што го обезбеди Душан Влаховиќ.
„Примивме многу наивен гол, особено што тоа се случи само неколку минути откако поведовме. Интер во неколку наврати покажа дека игра полесно кога има удобност да ги искористи отворените простори на противничката половина. Знаевме дека сакаат да користат ниски нафрлувања и се подготвивме, но примивме токму таков гол. Можеби требаше да направиме фаул во тој напад. Ругани или Бремер требаше да останат поблиску до Турам“, изјави Алегри.
„Среќата им се насмевнува на храбрите, затоа сакав да се однесуваме похрабро, поагресивно. Постабилни сме отколку на почетокот на сезоната. Мора да продолжиме да градиме и да бидеме посигурни во одбраната“, продолжи тренерот на Јуве.
„Мислам дека ова беше најдобриот натпревар на Влаховиќ со тимот на Јувентус. Имаше период кога не можеше да постигне гол, но работеше напорно. Да не заборавиме дека Душан има само 23 години“, истакна Алегри.
„Три години Јувентус не бил во ситуација во која победа може да го одведе на врвот на табелата. Нашата цел останува место во топ 4“, заврши тренерот на „старата дама“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Серхио Бускетс става крај на кариерата

Евро-фудбал
Интер се врати на победите во Серија А (ВИДЕО)

Прва лига
Вардар со пресврт го победи Работнички
