Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, беше задоволен од победата од 3-0 против Салернитана во 21. коло во Серија А. „Бјанконерите“ земаа вредни три бода, особено по одлуката да им бидат одземени 15 бода од салдото поради финансиски малверзации на претходното раководство.
Тренерот Алегри најави дека новата цел на тимот е да заврши во првата половина на табелата од Серија А.
„Реално гледам на ситуацијата. Досега освоивме 41 бод, но сега имаме само 26. За да дојдеме до 40 и да бидеме сигурни во опстанокот, треба да освоиме уште 14 и потоа ќе видиме до каде сме. Во моментот сме на исто ниво со Монца. Нашата цел е да завршиме во првата половина на табелата“, изјави Алегри.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













