
Јувентус имаше само две победи од девет натпревари во сите натпреварувања оваа сезона, но синоќа ја совлада Болоња со 3-0. Резултатот не го залажува Масимилијано Алегри дека се во тимот е во ред. Сепак, стратегот смета дека успехот може да биде почетна точка за напредок во настапот на „бјанконерите“.
„Бевме обединети и покажавме дух. Го исклучувам крајот на првото полувреме кога направивме неколку елементарни грешки во нападот. Потоа моравме да го намалиме темпото и да бидеме попрецизни со додавањата. Немавме победа еден месец и добро е што го направивме тоа убедливо. Не смееме да се залажуваме, туку да размислиме како да победиме против Макаби Хаифа во Лигата на шампионите“, прокоментира Алегри.
„Не можам да кажам дека очекував толку силен ангажман од Милик, но знаевме дека тој е интелигентен напаѓач кој знае како да се оттргне од дефанзивците. Бев сигурен дека ќе направат добар тандем со Влаховиќ. Важно беше и враќањето на Рабио и Локатели. Адриен има различни карактеристики од останатите наши играчи од средниот ред. Тој е во совршена фудбалска возраст и од него очекувам силна сезона“, објасни тренерот на Јуве.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Жоао Феликс: Сакам да се вратам дома, во Бенфика

Евро-фудбал
Порто го назначи Франческо Фариоли за нов тренер

Евро-фудбал
Мартин Зубименди е нов играч на Арсенал

Евро-фудбал
Барселона тргнува по Рафаел Леао
