
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, беше разочаран по поразот на домашен терен од Удинезе (0-1), но во исто време истакна дека нема простор за голема загриженост бидејќи тимот продолжува да ја следи својата голема цел – место во Топ 4 и учество во Лигата на шампионите.
„Во текот на сезоната нормално е да има падови. Во првото полувреме игравме добро, но не можевме да постигнеме гол. Удинезе е тим кој многу се потпира на физичката способност. Силни се во статични ситуации, а имаат и технички играчи, па ни беше тешко“, прокоментира Алегри.
„Не сме во најдобар период, но мораме да ја задржиме смиреноста бидејќи сме второпласирани на табелата. Сепак, ни требаат уште многу бодови за да обезбедиме учество во Лигата на шампионите“, нагласи тренерот на Јувентус.
„Многу наши играчи го немаат потребното искуство. Мораме да ги научиме, но тоа е дел од фудбалот. Ако сме нервозни, само ќе си наштетиме, важно е да работиме и да останеме смирени“, додаде Алегри.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
