Масимилијано Алегри истакна дека вечерашниот натпревар во Лигата на шампионите против Макаби Хаифа е можеби „најважниот“ за Јувентус и инсистира дека „бјанконерите“ не ги решиле сите свои проблеми со победата од 3-0 над Болоња во Серија А.
„Тоа не е лесен натпревар. Макаби одигра добро во Лисабон и имаше израмнет натпревар против ПСЖ. Тие притискаат високо и ќе биде тешко, ние мора да ги почитуваме. Залудно е да размислуваме за други тимови ако не ги добиеме двата натпревари против Макаби. Вечерва е нашиот најважен натпревар во Лигата на шампионите“, потенцира Алегри.
Јувентус е очаен за победа во ЛШ по поразите од ПСЖ и од Бенфика и се освен триумф на домашен терен би било катастрофа и веројатно би значело крај на надежите на „старата дама“ да се пласира во нокаут фазата.
Анхел Ди Марија ќе биде стартер во составот на Алегри. Тој се соочи со суспензија од два натпревари во Серија А и ја пропушти неделната победа од 3-0 над Болоња, а нема да биде достапен и против Милан на „Сан Сиро“ во дербито в сабота.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













