Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година денеска ја пречекува селекцијата на Молдавија, на домашен терен, на комплексот на ФФМ. Пет дена подоцна на гостински терен игра против селекцијата на Грузија.
Голманот на репрезентацијата на Македонија до 21 година, Марко Алчевски, даде свој коментар за претстојните натпревари на нашите млади фудбалери.
„По големата победа над Шведска на самиот старт на квалификацискиот циклус, сите очекувавме многу подобри игри и подобри резултати, како и повисок пласман на табелата, меѓутоа не идеше се по планот. Потфрливме и не бевме на нивото на неколку клучни натпревари, кои според мене моравме да ги добиеме.
Мислам дека најмногу недостасуваше реализацијата на претходните натпревари, мораме да ја подобриме форма, пред се на индивидуално ниво во нашите клубови. Сите треба да работиме и да се трудиме повеќе на тренинзите, само така можеме да напредуваме и да се подобруваме.
Првите мечеви против Молдавија и Грузија ги загубивме, иако не го заслуживме тоа. Се надевам дека на овие натревари ќе одиграме добро и ќе оствариме победи. Секогаш кога се игра за Македонија, мораме да атакуваме на победа, без разлика кој е противникот..
Имаме добра атмосфера во репрезентацијата, нашата цел е да завршиме што е можно повисоко на табелата“, изјави Марко Алчевски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













