
Саудискиот Ал-Наср се насочи кон потпишување на дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, пренесува „Марка“. Според шпанското издание, раководството на клубот веќе одржало состанок со агентите на холандскиот интернационалец.
Ал-Наср е подготвен да му понуди на Ван Дaјк договор кој ќе го направи најплатениот дефанзивец во светот. Холанѓанецот ќе биде единствената европска фудбалска ѕвезда со која саудискиот клуб се надева дека ќе потпише ова лето.
Ван Дијк игра за Ливерпул од јануари 2018 година. Оттогаш, 32-годишниот дефанзивец забележа 270 настапи за „црвените“ во сите натпреварувања, постигнувајќи 23 гола и 12 асистенции.
Трансферната вредност на играчот во моментот е околу 30 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
