Саудискиот Ал-Наср започнал преговори за продолжување на договорот на португалската ѕвезда Кристијано Роналдо.
Актуелниот договор на 39-годишниот португалски фудбалер истекува во јуни следната година.
Роналдо би сакал да игра на Светското првенство во 2026 година, па затоа и Ал-Наср ќе му понуди нов двегодишен договор.
Ако тоа се случи, тој ќе постави историски рекорд, станувајќи првиот фудбалер со учество на шест различни мундијали.
Тимот на Ал-Наср моментно е на третото место во шампионатот на Саудиска Арабија со 11 бода по пет одиграни кола.
Првите две места ги заземаат Ал-Хилал и Ал-Итихад, соодветно со 15 и 12 бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













