Виктор Бонифејс е во завршни преговори со Ал-Наср. Од Германија пристигна сензационална вест дека Бонифејс го пропуштил денешниот тренинг, бидејќи претставници на Ал-Наср пристигнале во Леверкузен за преговори со понуда која не може да се одбие.
Се шпекулира дека клубот од Саудиска Арабија е подготвен да плати 50 милиони евра за неговиот потпис, а Бонифејс е подготвен за преселба во Ал-Наср, за разлика од Душан Влаховиќ и од Џон Дуран, кои исто така се споменуваа овие денови.
Ова би претставувало голем удар за тренерот Чаби Алонсо, бидејќи Бонифејс е најдобриот стрелец на Баер Леверкузен. Од неговото пристигнување во клубот, тој постигна 29 гола и запиша 11 асистенции на 49 натпревари во сите натпреварувања.
Минатата сезона беше клучен за освојувањето на двојната круна, со 14 голови на 23 натпревари во домашното првенство и вкупно 21 гол во сезоната 2023/24.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













