Ал-Итихад синоќа испрати неверојатна понуда од 150 милиони фунти, која може да порасне до 215 милиони фунти плус бонуси, за Мохамед Салах. Комплетирањето на евентуалниот трансфер би можело да ја направи зделката најскапа за еден фудбалер во историјата на фудбалот. Засега најскап е Нејмар, кој беше купен од ПСЖ за 220 милиони евра.
Претставниците на саудискиот клуб пристигнаа во Лондон во саботата во обид да го направат последниот притисок Ливерпул да го профати договорот. Пред само неколку дена англискиот печат објави дека „Енфилд“ одбил понуда од 100 милиони фунти фиксна сума и уште 50 милиони во вид на бонуси, бидејќи по секоја цена сакаат да го задржат египетскиот крилен напаѓач.
Медиумите на Островот тврдат дека и на Салах му е понуден неверојатен договор од 2,45 милиони фунти неделно, плус процент од неговите рекламни права. Крилниот напаѓач веќе даде согласност и не би имал ништо против преселба на Ал-Итихад доколку двата клуба се договорат.
Сепак, во овој момент се чини дека договор не е возмножен, особено откако е завршен трансфер пазарот во Европа што го спречува Ливерпул да најде замена за играчот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













