
Нејмар ја чекаше Барселона, но дочекаше огромна понуда од Ал-Хилал и е на чекор од преселба во Саудиска Арабија. Радио Монте Карло објави дека Ал-Хилал испрати зголемена понуда која Нејмар е подготвен да ја прифати.
Бразилецот сакаше да се врати во Барселона, но Каталонците немаат пари, а Чави не сака Нејмар да ја наруши атмосферата во соблекувалната.
Сѐ уште не се знае дали Нејмар навистина ќе го раскине договорот или Ал-Хилал ќе плати отштета.
Нејмар е подготвен да се откаже од парите од парижаните бидејќи во Саудиска Арабија го чека уште поголема плата, наводно 100 милиони евра по сезона.
Дури се шпекулираше дека Ал-Хилал би можел да се согласи да го испрати на едногодишна позајмица во Барселона, но тие гласини сега згаснаа.
Чави јасно стави до знаење дека Жоао Кансело е апсолутен приоритет, додека Жоан Лапорта беше најголемиот поборник за враќање на Нејмар, пред се од маркетиншки причини.
Сепак, парите одиграа голема улога во секоја смисла, бидејќи во Барселона Нејмар можеше да заработува најмногу 13 милиони евра по сезона, а во Ал-Хилал ќе има седум пати повеќе…
Што се однесува до Ал-Хилал, летово ги доведоа Кулибали, Рубен Невеш, Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Малком, а со Нејмар навистина ќе имаат многу силен тим во Саудиска Арабија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем
