Connect with us

Ал-Хилал ќе плати 175 милиони евра за Рафаел Леао

Саудиските клубови и ова лето ќе „напаѓаат“ со огромни суми за да реализираат звучни трансфери. Ал-Хилал веќе има план да ја купи ѕвездата на Милан, Рафаел Леао.

Според португалските медиуми, раководството на Ал-Хилал, има намера да ја плати отштетната клаузула која изнесува 175 милиони евра и потоа директно да преговара со фудбалерот на „росонерите“.

Платата засега е тајна, но сигурно се работи за огромна сума, која Рафаел Леао не би ја заработил ниту за пет сезони во Серија А.

Ал-Хилал претходно ги доведе Нејмар, Митровиќ, Рубен Невеш, Милинковиќ-Савиќ, па сигурно дека и ова лето ќе сака да продолжи со ангажман на нови ѕвезди.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови