Еден од најдобрите напаѓачи во англиската Премиер – лига и најдобар стрелец во историјата на српската репрезентација, Александар Митровиќ (28) е нов играч на саудискиот Ал-Хилал. По сагата која траеше со недели, напаѓачот на Фулам стана нов член на клубот со неограничен буџет.
Фулам одби две понуди од Ал-Хилал, но Митровиќ се побуни и на крајот премиерлигашот немаше друг избор освен да го продаде. Саудискиот клуб на социјалните мрежи веќе го претстави Митровиќ како ново засилување. Конечната сума која Саудијците ја платиле сѐ уште не е позната.
Митровиќ е пет години во Фулам и на „Крејвен Котиџ“ има статус на легенда. Претходната сезона тој постигна 43 гола во првенството и со тоа постави рекорд во Чемпионшип. Вкупно за Фулам во пет сезони постигна 111 гола, а за Србија постигна 52 гола.
Mitrovic is Blue 🔥💙#BAYTALHILAL pic.twitter.com/GlZqtijf7A
— بيت الهلال (@baytAlhilal) July 23, 2023
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Евро-фудбал
Ливерпул го купува Бастони за 100 милиони евра
Евро-фудбал
Роналдо: Ќе се пензионирам за година или две
Млади репрезентации
Трајков: Имаме потенцијал и верувам дека ќе освоиме нови бодови
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска













