Ал-Етифак треба да го направи својот прв трансфер откако Стивен Џерард ја презеде менаџерската улога во саудискиот клуб. Станува збор за дефанзивецот на Севилја, Карим Рекиќ, со тоа што двата клуба се многу блиску до комплетирање на зделката.
Што се однесува до личните услови на играчот, остануваат само последните детали. Веќе се закажани неговите лекарски прегледи. 28-годишниот централен дефанзивец е поранешен холандски репрезентативец, играјќи за Андалузијците речиси три години и забележа 70 настапи за нив. Има играно и за Херта Берлин, ПСВ Ајндховен, Марсеј, Портсмут и за Блекбурн.
Како што е познато, на Ал-Етифак голема е веројатноста да му се приклучи и капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон, кој веќе се договорил со тимот, но сѐ уште недостасува договор со клубот.
Ал Етифак на 27 јули ќе одигра пријателски натпревар со Работнички на подготовките во Словенија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа
Евро-фудбал
Фулам размислува за смена на Марко Силва
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Трајков: Имаме потенцијал и верувам дека ќе освоиме нови бодови













