
Најтрофејниот македонски клуб Вардар официјално ги започна подготовките за наредната сезона. Веднаш фудбалерите ја најавија и големата акција за купување на сезонски билет, за домашните натпревари кои клубот ќе ги одигра на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
„Цената на сезонскиот билет ќе изнесува симболични 1000 денари. Ги повикуваме сите вардарци, навивачи на најголемиот македонски фудбалски клуб, да бидат спремни зошто акцијата започнува многу брзо. Сите собрани финансиски средства, ќе бидат наменети за функционирањето на клубот.
Време е народот, кој во моментов преку навивачите е единствен сопственик на клубот, да си го каже своето. Од борбата за Вардар нема откажување. Полниот стадион на првиот домашен натпревар, нека биде јасна порака, дека Вардар ќе живее!“, истакнаа од ФК Вардар.
Фудбалерите на Вардар денеска го одржаа и првиот тренинг, на тартан патеката на арената и на военото игралиште.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мектоминеј и Де Бруин донесоа триумф за Наполи

Евро-фудбал
Арсенал го промовираше Еберечи Езе

Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Немам проблеми со Родриго
