
Реал Мадрид има план да се засили на позицијата десен бек, особено по тешката повреда на Дани Карвахал. Трент Александер-Арнолд е главната цел на „кралевите“, но на листата на потенцијални засилувања се наоѓа и уште едно интересно име.
Трент Александер-Арнолд веќе подолго време се поврзува со Реал Мадрид, особено откако неодамна повторно одби да го продолжи договорот со Ливерпул. Неговиот актуелен договор трае до крајот на сезоната, а изгледа дека англискиот репрезентативец е заинтересиран за премин во Мадрид, со оглед на предизвикот што би го претставувал за неговата кариера.
Сепак, Ливерпул не е подготвен лесно да се откаже од него и ќе направи сѐ за да го задржи на „Енфилд“, со оптимизам дека би можел да се согласи на нов договор.
Иако овие вести се лоши за Реал, Флорентино Перез има резервна опција во случај Александер-Арнолд да не се одлучи за нивниот клуб. На листата на кандидати за позицијата десен бек се наоѓа и Педро Поро, кој игра одлично во Тотенхем и привлекува внимание.
Според извори од Мадрид, Педро Поро се смета за реална опција, со оглед дека Реал и понатаму сака Карвахал да биде стартер кога ќе се опорави, а Трент Александер-Арнолд сигурно не би бил задоволен од улогата на резервен играч во „кралскиот клуб“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Југослав Тренчовски го презеде кормилото на словенечки Радомље

Евро-фудбал
Раул ќе биде нов селектор на Шпанија У21?

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед тргнува по потписот на Нкунку

Евро-фудбал
Тео Хернандез прави трансфер во Ал-Хилал

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж
