Connect with us

Ако Челси понуди 150 милиони евра, тогаш Интер ќе му дозволи на Лукаку да донесе одлука

Европскиот првак Челси инсистира да го доведе Ромелу Лукаку назад на „Стемфорд бриџ“ со оглед дека менаџерот Томас Тухел очајно бара квалитетен напаѓач за новата сезона. Пропаднаа брзо обидите за Ерлинг Халанд и за Роберт Левандовски, па Челси „игра пресинг“ на раководството на Интер затоа што знае дека клубот од Милано е во финансиски проблеми.

Челси понуди 100 милиони евра и плус Маркос Алонсо како дел од пакетот, фудбалер кој игра на левата бековска позиција и му е потребен на Симоне Инзаги, но Интер ја одби понудата. Сепак, италијанските медиуми навестуваат дека Интер би бил задоволен доколку вкупната сума на понудата достигне 150 милиони евра. Тоа значи дека Челси би требало да зголеми за уште 20 милиони евра, што и не е неверојатно за актуелниот европски првак.

Во таков случај, Интер би му ја препуштил конечната одлука на самиот фудбалер. Ромелу Лукаку има понуда од 15 милиони евра по сезона доколку се сложи по вторпат во кариерата да потпише за Челси. Тоа е двојно повеќе од годишната плата што ја заработува во Интер.

„Нероѕурите“, во случај Лукаку да замине, имаат план да го купат Дуван Запата од Аталанта, но тоа дефинитивно нема да биде решение што на Интер ќе му гарантира квалитет за одбрана на титулата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови