
Академија Пандев го заврши настапот во Европа уште во првото коло од Конференциската лига на УЕФА откако доживеа и втор пораз од полскиот тим Лехија Гдањск. Можеби уште поважно од самиот меч е информацијата дека клубот нема да се фузира со Беласица.
„Ние немаме такви информации, околу некои шпекулации за фузирање со Беласица. Имав,е состанок со сопственикот Горан Пандев, кој сето тоа впрочем и го демантираше. Колку што знам, има најави за влез на инвеститор во Академија Пандев кој сака да вложи на долги патеки, а ние сите секако посакуваме клубот да опстои“, изјави Стојчев.
Тој вели дека и покрај двата порази останува ставот дека Академија Пандев пропупти да реализира неколку убави шанси.
„Сакавме да дадеме брз гол на овој втор меч, можеби тогаш сѐ ќе беше различно. Влеговме во шанси, но изостана реализацијата. Сепак, ова е едно големо искуство за младите фудбалери“, дополни тренерот на Академија Пандев.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
