Академија Пандев му возврати на Работнички за поразот во Струмица и славеше на арената „Тодор Проески“ со 0-2 во првиот меч од 23.коло во Првата фудбалска лига. Гостите со ова направија голем чекор напред во битката за опстанок, а „романтичарите“ го доживеаја првиот пролетен пораз.
Марио Крстовски во 11.минута го доведе составот на Академија Пандев во водство. Тимот на Раденко Бојовиќ, кој го водеше гостинскиот тим со огле дека шефот Александар Васоски е позитивен на Ковид-19, на самиот старт покажа дека е заинтересиран за трите бода.

Работнички продолжи офанзивно, се обиде да израмни, а најубавата шанса ја имаше пред крајот на првиот дел Беше досуден пенал, но Никола Прелчец не успеа да го реализира. Голманот Марко Јовановски го одбрани неговиот удар.
Во 77.минута, Кристијан Велиновски, кој влезе од клупата, постигна убав погодок и го потврди триумфот на Академија Пандев.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













