Поранешниот освојувач на Купот, тимот на Академија Пандев ќе се фузира со Беласица и ќе му го препушти местото во Првата лига. Во обланда како прослава на стогодишнина на Беласица, Горан Пандев во договор со раководството на Беласица одлучи неговиот клуб да се спои со постариот струмички клуб и да се формира еден силен прволигаш.
Ова го потврди Беласица на социјалните мрежи.
„1922 година беше формирана струмичката гордост ФК Беласица, еден од најстарите спортски брендови во државата. По тој повод, на 31 јули ве покануваме заедно да го прославиме и одбележеме овој голем настан, во вечерен термин под рефлектори на стадионот “Благој Истатов” во една пријателска средба помеѓу нашата екипа и нашите вечни ривали, ФК Брегалница. Покрај спектаклот и забавниот дел, на овој настан ќе бидат изнесени во јавност новитети за нашата Беласица, ново лого и дресови за оваа сезона по повод стогодишнината, нова екипа ЖФК Беласица, силни младински екипи како дел од младинската Суперлига и секако конструирање на силна Беласица и спојување со екипата на нашата легенда Горан Пандев“, соопштија од Беласица.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal