Connect with us

Ајнтрахт бара 100 милиони евра за Коло Муани

Голгетерот на Ајнтрахт Франкфурт, Рандал Коло Муани, ќе биде главната трансферна цел на Баерн Минхен во претстојниот летен преоден рок. Францускиот интернационалец направи блесок во својата дебитантска сезона во Бундес-лигата, постигнувајќи 12 гола и девет асистенции на 25 натпревари.


Баварците веќе размислуваат за понуда за 24-годишниот напаѓач, но ги очекуваат тешки преговори. Спортскиот директор на Ајнтрахт, Маркус Крос, е решен да бара 100 милиони евра за Коло Муани.


Тој веќе јасно стави до знаење дека сумата од околу 80 милиони нема да биде доволна за да се постигне трансфер.


Силен адут на клубот од Франкфурт е фактот што Коло Муани има договор до 2027 година. Добра страна за Ајнтрахт е што во договорот нема откупна клаузула.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови