
Холандскиот гигант Ајакс беше во резултатска криза и на дното на холандската Ередивизие.
Во меѓувреме стигнаа до петтата позиција. Сепак, „копјаниците“ продолжија со непријатни изненадувања за своите фанови оваа сезона.
Загубија од четвртолигашот Херкулес со 3-2 во Купот на Холандија.
По овој дебакл, клубот реши да им ги врати патните трошоци и цената на билетот на сите навивачи кои присуствуваа на тој натпревар.
„Поради лошиот настап на нашиот тим, без сомнение мечот Херкулес – Ајакс беше болен за вас. Ја споделуваме вашата болка и сме длабоко засрамени. Во договор со дел од играчите и стручниот штаб, решивме да ги обештетиме сите гостински навивачи кои купија билети за натпреварот. Ова значи дека ќе ви ги надоместиме билетите за натпреварот и автобускиот превоз. Сумата наскоро ќе биде на вашата сметка. Оваа компензација нема да го засени сеќавањето на болната вечер. Ви благодариме за безрезервната поддршка“, се вели во соопштението на Ајакс.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат
