
Иднината на Дани Олмо во Барселона станува сè понеизвесна. Според извештаите на англиските медиуми, агентот на шпанскиот репрезентативец пристигнал во Манчестер за да одржи преговори со раководството на Манчестер Јунајтед, клуб кој покажува сериозен интерес за офанзивниот играч за врска.
Барселона, која го ангажираше Олмо летово од Лајпциг за 50 милиони евра, сè уште не успеала да ја среди неговата регистрација во Ла Лига. Ова ја става каталонската екипа во ризик да го загуби играчот без компензација. За да избегнат таков развој на настаните, раководните луѓе разгледуваат креативни финансиски решенија, како што е продажба на дел од ВИП местата на реновираниот „Камп Ноу“ за период од 20 години.
Во меѓувреме, Манчестер Јунајтед гледа на ова како можност за привлекување на 26-годишниот играч. Агентот на Олмо, Анди Бара, во следните денови ќе се состане со претставници на „црвените ѓаволи“. Ситуацијата ја следат и други премиерлигашки клубови, како Арсенал и Манчестер Сити.
И покрај интересот од Англија, самиот Олмо изразил желба да остане во Барселона. Сепак, одлуката нема да зависи целосно од него. Од почетокот на сезоната, Олмо одигра 15 натпревари и постигна шест гола за тимот кој го предводи Ханси Флик.
Агентот на Олмо, Анди Бара, управува со кариерите и на други познати играчи, како што се Алваро Мората, Ловро Мајер и Јошко Гвардиол.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија го врати и Мевљан Мурати
