Новиот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, има уште неполн месец до дебито на кормилото на сениорскиот национален тим, а јасно е дека Аријан Адеми и понатаму ќе биде еден од адутите на селекцијата. Но, тој е повреден и не настапи за Динамо Загреб на мечот против Легија Варшава и неизвесно е кога ќе се врати на теренот.
„Ќе го чекам Адеми до последниот момент. Тој има повреда, не настапува за Динамо Загреб и би сакал да одигра барем еден натпревар до првиот собир“, вели селекторот Благоја Милевски.
Дарко Чурлинов ќе биде дел од А-репрезентацијата, додека најавуваниот Стефан Чолаковски ќе мора да се докаже во селекцијата до 21 година.
„Чурлинов со своите игри во селекцијата У21 покажа дека е голем квалитет, ја надрасна таа генерација и ќе биде приклучен во А-тимот, а на него останува да се наметне и да покаже дали ќе биде конкурентен. Јас верувам во него. Што се однесува до Чолаковски, имавме разговори со него, тој има голема желба да игра за Македонија и верувам дека ќе му биде дадена шанса за докажување во У21“, истакна новиот македонски селектор.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski