
Помошниот тренер на Унгарија, Адам Салаи, е пуштен на домашно лекување откако колабираше за време на саботниот натпревар од Лигата на нации против Холандија во Амстердам, соопшти унгарската федерација.
Се шпекулира дека Салаи би можел да присуствува на домашниот натпревар против Германија во вторник, но прес-офицерот на федерацијата, Герго Сабо, изјави дека „тоа сè уште не е одлучено.“
Селекторот на Унгарија, Марко Роси, изрази задоволство од подобрувањето на состојбата на Салаи.
„Среќни сме што Адам се чувствува подобро. Тој е дома со своето семејство и својата мала ќерка. Ќе дознаеме повеќе за неговата состојба кога тој ќе одлучи дека е време за тоа“, изјави Роси.
Играчот од средниот ред, Адам Наѓ, додаде:
„Адам Салаи ни побара да не одговараме на прашања за него. Единствено што можам да кажам е дека сме среќни што патуваше дома со нас и дека сега се чувствува подобро.“
36-годишниот Салаи колабираше за време на натпреварот, кој Холандија го доби со 4-0. На Салаи му беше укажана медицинска помош на теренот пред да биде пренесен во болница, од каде беше пуштен по неколку часа. Причината за колабирањето не е наведена.
„Тоа што се случи беше шокантно за мене. Гледав по лицата дека нешто сериозно се случува. Не беше лесно да го прифатиме тоа“, изјави Роси.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Евро-фудбал
Анге Постекоглу е нов менаџер на Нотингем Форест

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола

Евро-фудбал
Хјулманд ќе биде нов тренер на Баер Леверкузен
