Connect with us

Ачерби дојде на позајмица во Интер

Франческо Ачерби е играч на Интер по неколкунеделни преговори. Тој пристигнува од Лацио на позајмица со опција за откуп. Симоне Инзаги сакаше повторно да соработува со својот поранешен играч и сакаше да биде доведен уште еден централен дефанзивец.


Претседателот на „нероаѕурите“, Стивен Жанг, првично го блокираше договорот бидејќи не сакаше да ја зголеми сметката за плати, но на крајот се заложи за реализација на трансферот.

Во Лацио не сметаа на Ачерби откако навивачите збеснаа на неговите постапки и побараа да биде продаден. И симпатизерите на Интер не беа заљубени во идејата да го доведат, по моментот кога тој се насмеа после грешката што му дозволи на Милан да го победи Лацио минатата сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови