Италијанскиот калчолигаш Рома добива големо засилување во пресрет на стартот на новата сезона во Серија А. Жозе Мурињо успеа да го убеди Тами Абрахам, талентираниот напаѓач на Челси да дојде на „Олимпико“ и да потпише за Рома. Тој во текот на денешниот ден треба да пристигне во Рим на лекарски прегледи, а потоа и же стави потпис за верност кон „волчицата“.
Рома ќе плати 40 милиони евра за овој трансфер. Абрахам немаше можност за голема минутажа во тимот на Челси, а посебно сега откако пристигна и Ромелу Лукаку од Интер.
Челси ќе го продаде Тами Абрахам, но ќе ја задржи опцијата за „прв откуп“ на фудбалерот во наредните две години за сума од 80 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













