Фудбалскиот свет е во шок поради скандалот што се случува во Романија, а вмешан е и поранешниот член на Барселона, Едгар, кој моментално е член на Динамо Букурешт и е обвинет дека на неколку натпревари бил заменет од неговиот брат близнак Еделино. Тој е соиграч на македонскиот репрезентативец Дарко Велковски, кој оваа сезона го носи дресот на Динамо Букурешт.
Станува збор за 30-годишен дефанзивец од Гвинеја Бисао кој своевремено беше голема фудбалска надеж во Португалија каде настапуваше за сите младински селекции на оваа репрезентација, но подоцна реши да настапува за Гвинеја Бисао.
🚨🇷🇴 Crazy news coming from Romanian football…
— EuroFoot (@eurofootcom) May 13, 2024
Dinamo Bucuresti are investigating whether defender Edgar Ié made his twin brother Edelino play in his place for around 5 games this season, reports @marca. pic.twitter.com/35BAFxAnj9
Едгар порасна во Спортинг Лисабон и беше голем потенцијал, па се очекуваше да има одлична кариера.
Во летото 2012 година, тој дури потпиша за Барселона кога имаше само 18 години, а три сезони играше за Б тимот на каталонскиот клуб пред да замине во Вилјареал.
Подоцна, авантурата на Едгар го однесе низ цела Европа, но тој играше за елитни клубови во земјите каде што настапуваше. Беше член на Лил, Нант, Трабзонспор, Феенорд и Башакшехир, кој го напушти во јануари годинава.
По раскинувањето со турскиот клуб, набрзо кариерата ја продолжи во Романија каде потпиша за Динамо Букурешт. За овој клуб забележа пет настапи, но моментно е во центарот на скандал бидејќи се појавија информации дека Едгар не играл на тие натпревари.
Медиумите во Романија објавија дека Едгар воопшто не играл за Динамо и дека неговиот брат близнак Еделино всушност го носел дресот на клубот од Букурешт. Овој скандал го потресе фудбалскиот свет и доколку се покаже дека оваа информација е точна, јасно е дека тоа ќе биде најголемата измама во модерниот фудбал што ја направил еден играч.
Новинарот Даниел Сендре беше тој што ја откри наводната измама бидејќи Динамо почна да се сомнева во Едгар. Тие беа изненадени што тој речиси и да не зборува англиски и комуницираше само на португалски иако играше низ цела Европа.
Едгар добро зборува англиски и тоа беше првиот знак дека нешто не е во ред. Во сѐ се вмеша и поранешниот претседател на Динамо, Флорин Прунеа, кој потврди дека истрагата е во тек и дека Едгар воопшто не ги демантираше сите овие наводи.
„Сето ова ми изгледа нереално. Почнав да се јавувам и да прашувам за тоа. Разговарав со некои пријатели и сето тоа е вистина. Не можам да верувам што направија. Никој не негираше и сето тоа ви е јасно зошто. Дознавме дека и неговиот брат близнак е фудбалер, неверојатно е каква измама направија“, изјави Прунеа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal