Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, знае колку беше важна победата над Манчестер Јунајтед од 0-1 остварена синоќа на „Олд Трафорд“. Овој успех ги искачи „топчиите“ барем привремено на врвот на табелата, иако имаат натпревар повеќе од Манчестер Сити.
Така, битката за титулата ќе се решава во последното коло. Шпанецот изјави дека со овој успех неговите играчи ја отвориле „кутијата на соништата“.
„Многу сум среќен. Кога сѐ е на коцка, немате право на грешка. Од јануари моравме да победуваме, да победуваме и да победуваме. Моравме да играме на посебно место каде историјата не е на наша страна. но најдовме начин да победиме и тоа кажува многу за тоа каков тим сме и колку ја сакаме титулата“, изјави Артета.
„Моето искуство во оваа лига во последните 20 години покажува дека секој може да победи секого. Го почитувам секој противник за напорот што го покажува на натпреварите. Знаеме дека прво треба да си ја завршиме работата – мораме да победиме на последниот натпревар. Но, ние сакавме да ја отвориме „кутијата на соништата“ да излеземе на последниот натпревар пред нашите навивачи и да имаме шанса да ја освоиме титулата во Премиер – лигата и мило ми е што ќе го направиме тоа со овие играчи и овој тим. Имаме 27 победи во Премиер – лигата, ова е најмногу во последните 130 години, ова е историја“, додаде стратегот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа
Евро-фудбал
Фулам размислува за смена на Марко Силва
Евро-фудбал
ПСЖ сака да го купи Упамекано од Баерн
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ













