Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, се претвори од херој во трагичар за својот тим во полуфиналето во Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Тој имаше голем број брилијантни одбрани во текот на натпреварот, но на крајот токму неговата грешка им помогна на домаќините да се вратат во игра, а потоа и да направат пресврт на „Сантијаго Бернабеу“.
Искусниот голман не ја криеше болката по мечот.
„Секој кој некогаш играл фудбал знае како се чувствувам во моментов. Да се испушти таков резултат на крајот откако водевме со 0-1 до 85. минута е многу горчливо. Го направивме првиот чекор кон Лондон, па дури и се видовме во завршницата. Јас сум без зборови во моментов“, изјави Нојер.
Реал Мадрид ќе игра против Борусија Дортмунд во финалето на ЛШ на 1 јуни на „Вембли“ во Лондон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да го купи Упамекано од Баерн
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Евро-фудбал
Ливерпул го купува Бастони за 100 милиони евра
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“













