Светскиот шампион со Франција во 1998 година, Биксенте Лизаразу, го критикуваше тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике.
Според него, тој покажал недостаток на почит кон Борусија Дортмунд и заслужено ја платил цената со елиминација.
„Дури и по ждребот беа сигурни дека ќе се пласираат во финалето. Тогаш ми се чинеше дека тоа е недостаток на почит кон Борусија Дортмунд. Иако го загубија првиот натпревар со 0-1 и настрадаа, Луис Енрике ја повтори единствената реченица која ја знаеше на француски: „Ќе победиме“. Ова е однесување на макро, фалбаџија и на крајот треба да се плати цената против тимот што ќе те надигра тактички во двата натпревари“, изјави поранешниот фудбалер на Бордо, Баерн Минхен и на Атлетик Билбао за радио „Франс Инфо“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal