Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 28 коло на Прва МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот ФК Македонија ЃП – ФК Струга Трим Лум одигран на 21.04.2024 година, анализирана е ситуацијата од 29 минута.
Главен судија: Крумислав Ѓорѓиев. Помошни судии: Даниел Василевски и Драган Слаѓан Марковски.
29 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за гостинската екипа, при резултат 0-1)
Играч на гостинската екипа центрираше топка во шеснаесетникот на домашната екипа, играч на домашната екипа неспретно реагира, ја удри топката со рака која притоа му беше широко одвоена од телото и во неприродна положба и со тоа ја спречи акцијата.
Погрешна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, во оваа ситауција главниот судија требаше да досуди пенал за гостинската екипа поради недозволена игра со рака (широко одвоена од тело и зголемен волумен на раката) на играч на домашната екипа.
На натпреварот ФК Силекс- ФК Шкупи одигран на 21.04.2024 година, анализирани се ситуациите 31,32,41 и 74 минута.
Главен судија: Александар Грујоски. Помошни судии: Куштрим Лика и Давор Цветановски.
31 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (За досудена офсајд позиција и поништен гол за домашната екипа, при резултат 0-0)
По центрирана топка во шеснаесетникот на гостинската екипа, топката дојде до домашен играч кој упати удар кон голот на гостите и постигна гол, меѓутоа во момент на шутот негов соиграч (кој се наѓаше во офсајд позиција) стоеше пред гостинскиот голман и му сметаше во неговото видно поле.
Исправна одлука на вториот помошен судија, сигнализирано офсајд позиција за играчот на домакините и голот е поништен, бидејки во момент на упатување на удар и постигнување на гол на негов соиграч, играчот се наоѓаше пред гостинскиот голман и му сметаше на неговото видно поле и со тоа неможеше да реагира на шутот.
32 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за домашната екипа, при резултат 0-0)
Играч на домаќините беше во посед на топка, си даде долг фор во 16-сетникот на гостите и во моментот кога сакаше да игра со топката, дојде до контакт рамо со рамо (ремплање ) со противнички играч , по што играчот на домакините падна.
Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки дуелот помеѓу двата играча беше регуларен и без прекршок, односно контактот помеѓу играчите беше рамо со рамо (ремплање).
41 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за домашната екипа, при резултат 0-0)
Играч на домашната екипа центрираше топка во 16-сетникот на гостинската екипа, топката дојде до негов соиграч ,кој ја удри топката со глава и таа удри во раката на противнички играч (која му беше спуштена долу и во природна положба, без зголемен волумен на раката од телотo.
Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки топката кога го удри гостинскиот играч во раката се наоѓаше во природна положба (спуштена долу, близу телото и немаше зголемен волумен од телото)
74 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (За досудено офсајд позиција и поништен гол за домашната екипа, при резултат 0-0)
Играч на гостинската екипа центрираше во шеснаесетникот на домашната екипа, топката дојде до негов соиграч кој постигна гол со глава, но во момент на упатување на топката кон голот, негов друг соиграч се наоѓаше во недозволена офсајд позиција и во видното поле на голманот, притоа направи движење со телото.
Исправна одлука на вториот помошен судија, сигнализирано офсајд позиција за играчот на гостите, голот е поништен, бидејки во момент на упатување на удар и постигнување на гол на негов соиграч, играчот на гостите се наоѓаше пред голманот и му сметаше на неговото видно поле.
На останатите натпревари од ПРВА МФЛ, немаше спорни ситуации за судиска анализа
Судиска анализа за 25 коло од ВТОРА МФЛ за сезона 23/24
Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 25 коло на Втората МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот ФК Саса – ФК Новаци одигран на 20.04.2024 година, анализирана е ситуацијата од 15 минута.
Главен судија: Игор Иванов. Помошни судии: Петар Новачев и Робер Црвенов.
15 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за домашната екипа, при резултат 0-1)
Играч од екипата на домакините беше во посед на топката во шеснаесетникот на гостинската екипа, кога сакаше да помине противнички играч, гостинскиот играч направи минимален контакт со ногата над ногатана играчот на домикините, по кој контакт играчот падна.
Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки контактот на гостинскиот играч над противничкиот играч беше минимален и недоволен за пенал.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski