
Играчот за врска на Барселона, Френки Де Јонг, е еден од оние кои би можеле да го напуштат клубот на лето доколку пристигне дарежлива понуда за Каталонците.
Минатото лето се споменуваше дека Жоан Лапорта нема да има ништо против да го продаде за цифра поголема од 60.000.000 евра, но дали тоа ќе се случи летово?
„Релево“ пишува дека Баерн Минхен повторно е заинтересиран за неговите услуги. За него интерес покажаа и претходната година, но знаеја дека операцијата е компликувана бидејќи Де Јонг ја сака Барселона и животот во тој шпански град, па затоа не е за промена на средината.
Во исто време, неговата плата за следната сезона се искачува на вртоглави 18.000.000 евра поради клаузулата која вклучува лојалност, па работата на Баерн е уште потешка.
Јасно е дека Баерн ќе биде еден од водечките тимови во летниот преоден рок поради реконструкцијата која ја планираат. Нивниот буџет за нови засилувања е околу 150 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Донарума прави трансфер во Манчестер Сити?

Евро-фудбал
Интер веќе го знае наследникот на Симоне Инзаги?
