
Реал Мадрид на пенали го елиминира бранителот на титулата Манчестер Сити во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. По 3-3 во Мадрид и 1-1 во Манчестер, се изведуваа пенали по продолженија. Лука Модриќ не беше прецизен за Реал во првата серија, додека Бернардо Силва и Матео Ковачиќ не ги реализираа пеналите за Манчестер Сити во втората и во третата серија.
Дел од светската јавност и навивачите по натпреварот ги критикуваа фудбалерите на Реал Мадрид и тренерот Карло Анчелоти бидејќи „кралскиот клуб“ играше бункер во поголемиот дел од натпреварот. Имаше само 33% посед, осум шутеви (противникот имаше 34) и само еден корнер наспроти 18-те на Сити.
Сепак, Тиери Анри го бранеше својот поранешен лут ривал и неговиот тренер во студиото на „CBS Sports“.
„Постои нешто што се нарекува одбрана. Можете да ја контролирате играта ако се браните доволно добро. Луѓето ќе речат дека Манчестер Сити беше многу подобар тим, но одбраната е дел од играта. Мислам дека подобриот тим е оној кој добро се брани во текот на целиот период од натпреварот“, изјави Анри.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат
