Беса и Пелистер мотивирано чекорат кон Првата лига и сигурно дека и на денешните натпревари ќе сакаат да освојат три бода за да продолжат кон целта. Лидерот Беса на домашен терен го пречекува ФК Скопје, додека Пелистер е домаќин на Арсими.
Третопласираниот Детонит Плачковица ќе гостува во Кочани на дуел со Осогово.
Интересна е и битката за опстанок во второлигашкото друштво.
Тетекс го пречекува Вардар Неготино, а Победа е домаќин на Кожуф. Беласица пред своите гледачи ќе се сретне со Каменица Саса.
Натпреварите од Втората лига почнуваат од 15 часот.
ДВОЈКИ ВТОРА ЛИГА, 24.КОЛО (денеска, 15 часот)
ОХРИД ЛИХНИДОС – НОВАЦИ
БЕЛАСИЦА – КАМЕНИЦА САСА
ОСОГОВО – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА
ПОБЕДА – КОЖУФ
БАШКИМИ – КАРАОРМАН
ТЕТЕКС – ВАРДАР НЕГОТИНО
БЕСА – СКОПЈЕ
ПЕЛИСТЕР – АРСИМИ
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski