
Англискиот премиерлигаш Ливерпул веројатно беше најголем фаворит за освојување на трофејот во Лигата на Европа, но Аталанта дојде на „Енфилд Роуд“ и го растури славејќи со 0-3. Џанлука Скамака во 38.минута најави сензација, па иако и Ливерпул имаше свои шанси, истиот фудбалер го продолжи шоуто на Аталанта со втор гол во 60.минута.
На почетокот на второто полувреме Јирген Клоп ги уфрли и Салах, Шобошлаи, Робертсон, потоа и Луис Дијаз, но Марио Пашалиќ во 83.минута постигна трет гол за Аталанта.
Рома славеше на „Сан Сиро“ против Милан во италијанската пресметка со 0-1. Стрелец на единствениот гол беше Џанлука Мансини во 17.минута од мечот.
Баер Леверкузен продолжува одлично и во Лига Европа. Тимот на Чаби Алонсо победи со 2-0 против Вест Хем. Јонас Хофман и Виктор Бонифејс, фудбалерите кои Чаби Алоснсо ги внесе како резерви, ги постигнаа головите за германскиот тим.
Бенфика го совлада Олимпик Марсеј со 2-1. Рафа Силва донесе предност за Бенфика, Анхел Ди Марија во 52.минута зголеми на 2-0, а конечниот епилог го постави Пјер-Емерик Обајеманг во 67.минута од дуелот.
Реваншите се играат за седум дена.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
