Јувентус е подготвен да отвори преговори за ангажирање на крилниот напаѓач Матија Закањи од Лацио, откако агентот на играчот Марио Џуфреди прокоментира дека е можен трансфер на лето, пишува италијанското издание „Тутоспорт“.
28-годишниот Закањи има да одработи нешто повеќе од една година од актуелниот договор со римскиот клуб, но двете страни допрва треба да постигнат договор за продолжување.
Фудбалерот го цени интересот од Јувентус и е незадоволен што сѐ уште не добил понуда за нов долгорочен договор со Лацио и покрај тековните преговори.
Спортскиот директор на Јувентус, Кристијано Џунтоли, веќе работи на трансферната политиката на гигантот од Торино за следната сезона и е подготвен да дејствува доколку има можност да се договори со Матија Закањи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal