
Македонските прволигаши Тиквеш и Брера испратија заедничко соопштение во кое потенцираат дека двата клуба негуваат долгогодишно пријателство и соработка и инцидентот меѓу двајцата фудбалери пред клупскиот автобус на Брера, по завршувањето на неделниот меч во Кавадарци, треба да биде надминат и заборавен.
Во соопштението се вели:
„ГФК “ТИКВЕШ 1930”АД-Кавадарци и ФК “АП Брера”-Струмица со заедничко соопштение ја информираат јавноста после информациите за инцидентот помегу два фудбалери по натпреварот од 26 коло од Првата Македонска фудбалска лига.
,,За жал вистина е дека после завршен натпревар, пред клупскиот автобус на Брера-Струмица дојде до непријатна сцена, по која двајцата фудбалери даваа изјава во полиција за случајот.
Како два фудбалски клуба кои негуваат дологодишно пријателство и соработка, но и како градови Кавадарци и Струмица, осудуваме било какво недолично однесување, независно дали е вербално или физичко, посебно кога доаѓа од играчи, фудбалери, кои мора да бидат пример на младите и сите навивачи.
Ние како учесници во најмасовниот и најгледаниот спорт, ја имаме таа привилегија, но и голема одговорност кон младите за нивното формирање и разбирање на спортот и тоа мора да го разберат сите кои се дел од фудбалот во Македонија.
За жал, во денешното општество каде вербалното и физичкото насилство понекогаш го превзема приматот, сакаме преку оваа заедничко соопштение да испратиме порака за заедништво, одговорност и да се радуваме на нови спортски настани во Кавадарци и Струмица“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Анчелоти ќе го води Бразил до 2030 година

Меѓународен фудбал
Прв гол, прв бод за Андора во квалификациите за СП

Млади репрезентации
Трајков со два гола донесе триумф за Македонија У21 против Ерменија
