Connect with us

Фудбалерките до 19 години подобри и од Литванија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години ја запиша и втората победа на квалификацискиот турнир од втората рунда од Б лигата што се одржува во Молдавија.

Нашите млади фудбалерки беа подобри од Литванија со 2-0.


Водство од 1-0 за нашиот национален тим донесе Петкова во 26. минута на асистенција на Јосифова. Петкова во 77. минута ги постави конечните 2-0.

Македонија во првото коло славеше против Молдавија со 4-0. На 9. април против Велс ќе решаваме за првото место и кој ќе оди ранг погоре.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови