Дефанзивецот Маркос Алонсо ја напушта Барселона на крајот од сезоната.
Искусниот Шпанец долго време е надвор од терените поради повреда, иако и кога беше здрав немаше значителна минутажа кај Чави Хернандез.
Денеска неколку извори потврдија дека Алонсо дефинитивно ќе си замине во летниот преоден рок, кога ќе стане слободен играч, бидејќи Барселона нема да ја користи опцијата за продолжување на соработката до 2025 година.
Алонсо пристигна во Барселона во летото 2022 година како слободен играч откако на заедничка согласност го раскина договорот со Челси, но не остави значителен белег.
За Барса одигра 44 натпревари во сите натпреварувања, постигна три гола, но сезонава забележа само седум настапи.
Шпанецот претходно беше поврзуван со Атлетико Мадрид, но кога ќе стане слободен ќе може да бира и меѓу понуди.
Пред Барса и Челси, Маркос Алонсо играше и за Фиорентина, Болтон и за Сандерленд, а почетоците ги имаше во Реал Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













