
Интер ќе се обиде да го ангажира дефанзивецот Марио Хермосо од Атлетико Мадрид, пренесува „Газета дело Спорт“.
Лидерот во Италија сака да се засили на позицијата централен дефанзивец. Клубот од Милано е подготвен да му понуди на Шпанецот четиригодишен договор со плата од пет милиони евра годишно.
Во тековната сезона, 28-годишниот Хермосо одигра 35 натпревари на кои постигна два гола и една асистенција.
Договорот на играчот со Атлетико Мадрид е до крајот на оваа сезона. Поранешниот репрезентативец на Шпанија е проценет на 25 милиони евра.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement