Connect with us

Шкупи: Руатубјаје доби црвен картон поради судиски грешки

Македонскиот прволигаш Шкупи излезе со реакција поради исклучувањето на дефанзивецот Абдул Руатубјаје на мечот против Вардар. Тимот од Чаир смета дека двата жолти картони се дадени како плод на судиски грешки ќе упати жалба до ФФМ.


„Двата жолти картони кои му беа доделени на нашиот фудбалер Абдул Руатубјаје на натпреварот одигран во саботата против Вардар, од видео документацијата јасно покажува дека тоа е поради судиска грешка. Ние како клуб ќе упатиме жалба за овие картони. Но, сега веќе не нѐ чуди фактот што судијата направи такви грешки и ни одзеде важен играч пред следниот натпревар, што е многу важен во рамките на Купот. Судиските грешки преку видео ќе ги објавиме во текот на денот.


Интересен факт, како што се носат погрешни одлуки против нас, така лесно се носат погрешни одлуки, но во корист на нашите противници“, се вели во соопштението на Шкупи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови