
Ремито без голови против Арсенал секако е разочарување за Манчестер Сити, но менаџерот на тимот, Пеп Гвардиола, не го потенцираше конечниот резултат и пласманот во Премиер – лигата, туку ласкаво зборуваше за ривалот на „граѓаните“.
„Освоивме еден бод. Се обидовме, но не создадовме многу шанси, а не направи ниту Арсенал. Се бранеа компактно и покрај високиот пресинг, не можевме да ја одземеме топката. Противникот е физички силен и максимално ни отежна“, изјави Гвардиола.
„Арсенал можеше да ги искористи ситуациите кога ја загубивме топката. Натпреварот беше многу тензичен. Одигравме на наш вообичаен начин, но ни недостасуваше малку прецизност во последната третина од теренот“, истакна Пеп.
„Претходниот натпревар против Арсенал беше сличен. Не беше лесно да се создаваат шанси. Арсенал има добри дефанзивци и нивниот пресинг е фантастичен. Не ни оставија слободен простор и тоа го докажаа бидејќи беа на врвот на табелата. Сега лидер е Ливерпул, но Арсенал втора сезона по ред игра многу силно“, потенцираше Гвардиола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
