Српската фудбалска јавност трепери во очекување на повеќе детали за повредата на напаѓачот Александар Митровиќ. Ѕвездата на „орлите“ ги загрижи сите во својата татковина откако го напушти теренот повреден при успехот на неговиот Ал Хилал од 4-3 против Ал-Шабаб.
Загриженоста на сите е дека Митровиќ би можел да го пропушти ЕВРО 2024, а тоа би било голем удар за Србија и за амбициите на селекцијата во Германија.
Според порталот „Ал Аин“, дури можно е повредата на Митровиќ да бара хируршка интервенција, која би го оддалечила од терените најмалку четири месеци. Тоа автоматски би значело дека тој ќе биде надвор од комбинациите за Европското првенство, кое ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули.
Повредата на Митровиќ е мускулна и сѐ зависи од тоа дали има кинење на мускулни влакна или не.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













